May 2011 Update/mk

From Strategic Planning

 
Здраво,

Јас сум Тинг Чен, Претседател на Одборот на доверители на Викимедија.

Пред два месеца Фондацијата Викимедијаги објави наодите од новото Истражување на трендовите во уредништвото (можете да ги прочитате тука), кое покажа дека во текот на изминатите неколку години станува сè потешко да се биде уредник на проектите на Викимедија. На минатомесечниот состанок, Одборот долго расправаше на оваа тема, и потоа едногласно го одобривме обраќањето со кое ве повикуваме да ни се придружите во заложбите проектите на Викимедија да ги направиме што поотворени и посоработливи.

Прочитајте го нашето решение, и би ве замолил да се искажете со вашите ставови и размисли.

Сè најдобро, и ви благодарам за вашето учество во проектите на Викимедија.

Тинг Чен
Претседател на Одборот на доверители на Викимедија

Решение: Отвореност

Ние, Одборот на Фондацијата Викимедија, сметаме дека постојаното здравје на заедниците на нашиот проект е од суштинско значење за исполнувањето на нашата задача. Проектите на Викимедија се засноваат на култура што ја негува отвореноста, учеството и квалитетот - култура што ја создаде најголемата ризница на човековите сознанија на светот. Но иако бројот на читателите и поддржувачите на Викимедија ширум светот расте, неодамнешното истражување на трендовите кај уредништвото укажува на постојано намалување на учеството и задржувањето на нови уредници.

Согласно предвиденото во нашиот Петгодишен стратешки план и она што го покажаа наодите, Викимедија мора да привлече и зачува што повеќе нови и разновидни уредници, задржувајќи ги досегашните искусни учесници. Постоењето на стабилна уредничка заедница е од решавачко значење за долгорочната одржливост и квалитет на нашите тековни Проекти и нашето движење воопшто.

Сметаме дека овој предизвик е нашиот најголем приоритет. Би ги замолиле сите учесници да ја имаат на ум оваа проблематика при секојдневната работа на Проектите. Го поддржуваме Извршниот директор во одлуката ова да биде најголем приоритет на кадарот, и препорачуваме да ги зголеми средствата од Фондацијата посветени на решавање на овој проблем, и тоа преку досег во заедницата, засилување на напорите и технички подобрувања. Би сакале да искажеме поддршка и за програмерите, уредниците, википроектите и Ограноците што што вложуваат труд за да ги направат проектите подостапни, попријатни за новодјоденците и да пружаат што повеќе поддршка.

Одборот реши да се посвети на потпомагање на сите овие усилби, и затоа ги повикува учесниците да постават конкретни барања за помош од Фондацијата. На драго срце примаме нови идеи и би сакале да го поттикнеме развојот на истите, сè со цел да ги достигнеме зацртаните цели на отвореност и пошироко учество.

Ги замолуваме членовите на заедницата на Викимедија да се залагаат за отвореност и соработка, и тоа на следниве начини:

  • Да се однесуваат кон новите уредници со трпение, добронамерност и почит. Да бидат свесни за тоа како им е на новите уредници и да им помагаат, но и да ги поттикнуваат другите да го прават истото.
  • Да ја олеснат начинот на општење во рамките на проектот. Да ги упростат правилата, начелата и напатствијата. Да поработат заеднички со колегите за да срочат поблаги правила и практики што се однесуваат на шаблоните, предупредувањата и бришењето.
  • Да го поддржуваат развојот и примената на нови функции и алатки што ја подобруваат употребливоста и простапноста.
  • Да ја подигнат свеста на заедницата во однос на овие проблеми кај заедницата и да ги поддржуваат сите напорди за досег на поединци, групи и Ограноци;
  • Да поработат со колегите на намалување на недоразбирањата и споровите и да се залагаат за што попријателска атмосфера со што поголема култура на соработка. Ова подразбира и што повеќе изразување на благодарност и оддавање на заслуги и почит. Да поттикнуваат најдобри практики кај водачите на заедницата.
  • Да поработат со колегите за да осмислат начини на одвраќање на нарушувачко и вандалско поведение, и одвраќање на троловите и другите непријатели што го демнат викито.

Наводи