Strategic Plan/2010-2015 WMF Business Plan Draft/High-quality web site/mk

From Strategic Planning

Да се погрижиме Викимедија да има висококвалитетна веб-страница и работа

Викимедија, со својот ненадминат експеримент во масовна соработка и споделување на глобални знаења создаде референтен извор од исклучително значење кој претставува петта најпосетена веб-страница во светот.

Фондацијата Викимедија е млада и нарасна доста брзо, но сепак има ограничен капацитет за да ги задоволи потребите и да овозможи потпора на надареноста на оваа заедница од доброволци и поддржувачи, а камо ли да извршува основните операции.

Во следните пет години како најглавно ќе се задржиме на значајни инвестиции за да ја обезбедиме постојаната остварливост и релевантност на проектите. Такви се:

  • Основни (но значајни) инвестиции за подобрување на функционалноста на веб-страницата, техничките работи и
  • Собирање и користење на клучни извршителни податоци како двигател за постојано подобрување
  • Зголемена извонредност во собирањето на средства и финансиското раководење
  • Очекувано влијание на овие инвестиции: Викимедија ги задоволува основните извршителни потреби и услови кои јавноста ги очекува од една петтопласирана веб-страница во светот и ги отстранува ризиците на остварливоста

Потрепа и образложение

Улоги во движењето

Фондацијата Викимедија

Фондацијата Викимедија игра ограничена, но суштинска улога со инфраструктурната поддршката на проектите, што подразбира одржување на серверите, предводење на развојот на МедијаВики софтверот и собирање средства со цел да се овозможи финансиска независност.