Strategic Plan/2010-2015 WMF Business Plan Draft/Stronger community/mk

    From Strategic Planning

    Работните групи за здравје на заедницата и квалитет укажаа на неколку меѓусебно поврзани и заемнодополнителни приоритети и потенцијални методи кон здравјето на заедницата

    Приоритет Потенцијални методи
    Помош и совети за нови уредници со цел да се намалат потешкотиите со правилата и „ризикот од гризнување“
    • Подобрување на системите за обука/советување за нови корисници
    • Обука и поддршка „во истиот момент“ преку за нови статии по пат на програмски водич (wizard)
    • Создавање на алатки за упростување и подобрување на пристапот до често употребувани функции и олеснување на барањето помош
    Редовно и доследно оценување на квалитетот на сите статии, систематско утврдување на дупки во квалитетот, и приоритетизација/поттикнување на можностите за подобрување и барањата за подобрување
    • Воведување на автоматизирано оценување на квалитетот на статиите и нивната важност
    • Воведување на можноста корисниците по кратка постапка да пријавуваат проблеми со квалитетот на статиите
    • Известување на уредниците на статиите на кои им треба доработка дека се поканети да ја подобрат статијата
    Утврдување и давање на поттик за постојани квалитетни придонеси
    • Имплементација на систем на реноме кој го следи квалитетот на придонесите и според тоа определува „виши уредници“
    Укажување на помош и поддршка при соработката и координацијата при решавање на проблеми, спорови и додавање на вредност
    • Подобра технологија на поттик и влијание, која би овозможила друштвени врски, групи, и простори за соработка
    • Поттик и влијание за вишите уредници
    • Воведување на нов процес за постигнување на косензус за спорови кои се големи и/или повторливи