Frequently asked questions/mk
Цел
Зошто Викимедија врши стратешко планирање?
Видете Цели и начела.
А што е впрочем, стратешко планирање?
Стратешкото планирање е време посветено на размислување за нас самите и она што го правиме. Како начелно правило, ова се сосои од фаза во која се проценува тековната состојба и околности, фаза во која создаваме претстава за тоа како тие треба да изгледаат во иднина, и исцртување на пат по кој ќе стасаме до таму. Повеќе информации можете да најдете на Стратешко планирање.
Зошто ни треба процес на стратешко планирање?
Ни дава можност да создадеме поголемо усогласување во проектите. Во најлош случај, ова е шанса да согледаме во што се сложуваме, а во што не. Во најдобар случај, ова е можност да утврдиме конкретнен збир од приоритети кои ќе важат во текот на следните пет години.
Кој е тоа „ние“?
Видете Wikimedia stakeholders.
Зарем ова веќе не го правиме на Мета / foundation-l / поштенската листа / #wikimedia / и тн.?
Да, секако. А и на многу други места.
Во овој процес немаме за цел пак одново да започнеме со истите разговори. Тука целта е да почнеме да ги интегрираме разговорите и да ги истакнеме најважните проблематики за да можеме да почнеме со конкретни разговори за важните работи.
Какви резултати се очекуваат?
Видете Резултати.
Процес
Како да учествувам?
За почеток, придружете се во дискусијата. Препорачајте им на другите да се приклучат, а особено на оние кои обично тука не истакнуваат мислења. Убаво е да се почне со Клучните прашања. Кога ќе почнат да ви надоаѓаат конкретни идеи, дајте предлог. Ако сте апознаени со некое друго место каде што се дискутира стретешко планирање, тогаш известете ги convenors за тоа.
Зошто посебно вики?
Сакавме да започнеме ново место каде ќе се интегрират идеи за стратегијата. Сметавме дека ако истакнете добра причина, тогаш добредојдени ќе се чувствуваат и постоечките добероволци, но и нови учесници, и сите тие ќе се придружат во разговорот.
Ниту очекуваме, ниту сакаме сите стратешки дискусии да се одвиваат овде. Како прво, нереално е. Како второ, многу разговори веќе се случиле некаде. А како трето, иако навистина се трудиме да создадеме повеќејазичен простор, свесни сме и дека главниот јазик овде е англискиот.
Овој простор е простор за интегрирање на идеи. Ако имате важни идеи изнесени на некоја Викисредба, дајте предлог. Доколку веќе некаде ја имате искажано идејата, ставете врска до тој разговор. Одржувајте разговори во вашите заедници на јазиците кои највеќе ви годат, а потоа накратко опишете ги тие дискусии овде, каде можеме да ги преведеме на разни јазици.
А што е всушност предлог?
Предлогот е идеја. Кога давате предлог, вие со тоа давате идеја за иднината на Викимедија, или пак некаков пат кој треба да го следиме. Некои предлози може да се пробијат дури и до финалниот план, но сепак сите предлози стојат тука на ова место, и сите членови на заедницата можат да ги разгледуваат, да размислуваат и расправаат за нив. Под најдбори услови, некои предлози ќе бидат толку убедливи, што луѓето ќе сакаат да се заложат и да ги остварат.
Што се тоа свикувачи (convenors)?
Нашата цел е да создадеме протор каде што ќе се одвиваат разговорите и да се интегрираме. Секој може да стане свикувач. Ако сакате да помогнете со овој процес, запишете се на листата.
Кој решава што ќе оди во финалниот план?
Имаме некои првични идеи, и се надеваме дека ќе ни помогнете да ги усовршиме.
Важно е да се запамети дека идеите кои нема да влезат во финалниот план не значи дека не се важни или дека не треба поединци да се заложуваат за нив. Една од целите на нашиот Повик за предлози е токму искажување и истакнување на што повеќе идеи, така што тие документи би можеле да се употребат за Meatball:BarnRaising.
Навигација
Please Participate!
Discuss Task Force Recommendations. | |
Contribute to our knowledge-base, Wikimedia-pedia. | |
Spread the word (en). |
Featured Content:
News: Please help review and edit Wikimedia's 5-year strategic priorities. | |
Knowledge-base: Improve quality content (en) | |
Proposal: |
Насобравме доста прашања и предлози: сега е време да ги продискутираме и да видиме како тие се вклопуваат во една поголема визија. Подолу има наведено неколку врски кои може да ве интересираат.
Прашања за одговарање е одлично место за започнување на дискусијата.
» Каде треба да оди Викимедија? (en)
» Повик за предлози
» Што се работни групи? (en)
» Како да учествувате (en)
» Како можам да помогнам? (en)