Call for action/mk

From Strategic Planning


Викимедија е глобално движење на доброволци. Од лево кон десно, Викимедијанци во Шведска, Израел, Исланд, Чиле и Њујорк.

Замислете си свет кајшто секој има пристап кон севкупните човекови сознанија. Кон тоа целиме.


Веќе сме во последниот месец на нашиот амбициозен потфат за осмислување на петгодишен стратешки план за движењето на Викимедија по пат на процес отворен за заедницата. Во текот на изминатите 11 месеци во процесот непосредно учествуваа над 1000 лица. Започна со најопшта претстава за потребите, па продолжи со истражување, длабоко размислување и анализа. Сето тоа на крај нè доведе до извесни приоритети за движењето, како и огромен број на идеи за начинот на кој би се постигнале тие цели.

Како што се навршува процесот, очигледно е дека најголемиот предизвик е остварувањето на идеите на дело. Тука, на викито за стратешко планирање, ќе најдете список на прилики за дејствување организирани по приоритети. Би сакале да ве поканиме на доброволно учество во овие можности, а со тоа и да станете нивен раководител и одговорно лице. Еве само неколку примери:

Викимедија функционира благодарение на трудот на стотици илјадници луѓе ширум светот. Ако сакаме да ги оствариме приоритетите во текот на овие пет години, ќе треба .

За да започнете со работа на овие можности, одете на главната страница, и ако имате некакви прашања или свои размисли, продиксутирајте ги на Селската чешма. Таму можете да предлагате нови идеи, да ги дискутирате и уредувате постоечките, и да се пријавите за учество. Посетете ја главната страница и придружете ни се за да ја оствариме нашата визија: Замислете си свет кајшто секој има пристап кон севкупните човекови сознанија. Кон тоа целиме.

Ви благодариме.


Со почит,

Мајкл Сноу
Мајкл Сноу



Мајкл Сноу
Претседател на Одборот на доверители,
Фондација Викимедија

Џими Велс
Џими Велс



Џими Велс
Основач и член на одборот,
Фондација Викимедија